Денес е ден за гордост. Денес е ден кога нашата армија слави 30 години од своето постоење, а со неа славиме и сите ние. Армијата на Република Северна Македонија, служејќи и на татковината и на своите македонски граѓани, е еден од стожерите на нашата земја и посветен чувар на нејзиниот мир, слобода, безбедност и територијален интегритет. Но таа е секогаш тука да се справи и со последиците од можни поплави, пожари и други елементарни непогоди. За сето тоа треба да и бидеме благодарни на Армијата, но и да бидеме горди што е рамо до рамо со нејзините сродни партнери од земјите членки на НАТО. На сите припадници на АРМ им го честитам 18 Август – Денот на Армијата. Нека е за многу години.
Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Денот на АРМ
![Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Денот на АРМ Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Денот на АРМ](https://strumica.gov.mk/wp-content/uploads/2022/08/viber_image_2022-08-18_12-02-34-814-860x860.jpg)