Во рамките на СОФ се одржа концерт во чест на Гоце Арнаудов

Во рамките на СОФ се одржа концерт во чест на Гоце Арнаудов

На фестивалската сцена во струмичкиот градски парк, а во рамките на овогодинешното издание на Струмица Опен Фест, синоќа, се одржа концерт во чест на Гоце Арнаудов и неговиот денешен роденден.

На почетокот, со емотивно обраќање, концертот го поздрави градоначалникот Костадин Костадинов, истакнувајќи дека не зборува како градоначалник и политичар, туку како обичен граѓанин и сограѓанин на Гоце Арнаудов. Тоа се должи на фактот дека познатиот струмички и македонски пејач бил голем пријател со покојниот татко на Костадинов. Инаку, на концертот ,,Ај да беше стрела песната” настапија 15 пејачи и музичари кои исполнија познати песни од Гоце Арнаудов.