ЈАВЕН ПОВИК – Избор на Партнерска организација – економски оператор (правен субјект/организација– Консултант) заради реализација на Активноста 1.2. Креирање на дигитална алатка – Општинска база за собирање  и ажурирање на податоци и информации од исклучителна важност за локалниот економски развој, туризмот и земјоделието на Општина Струмица за 2026 година од Мерка бр 1 Обезбедување одржлив економски развој и конкурентни инвестициски можности, дел од областа Унапредување и развој на локалната економија, составен дел на Програмата G1 Поддршка на ЛЕР во 2026 година

Врз основа на  член 50 и член 63 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02) и член 39 од Статутот на Општина Струмица („Службен гласник  на Општина Струмица„ бр  4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10, 1/15, 8/18, 16/19 и 29/19),  а во врска потребата од реализација на поединечните активности од 2донесената  Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на Локалниот економски развој и туризмот, поточно програмата G1 поддршка на ЛЕР во 2026 година, составен дел на Буџетот на општина Струмица за 2026 година, заверена во општинска архива под број 08-9689/1 од 29.12.2025 година објавена во „Службен гласник на општина Струмица  бр 18/25“, Планот за реализација на поединечни активности од  Програмата G1 Поддршка на ЛЕР во 2026 година, заверен во општинска архива под број 23-03/1од 15.01.2026год. и одобрената Иницијатива за започнување на поединечна постапка за реализација на активноста од страна на Градоначалникот, заверена под број 09-635/2 од 27.01.2026 година, соодветно на Одлуката за усвојување, односно извршување на Буџетот за 2026 година, донесена на седница на Совет на општина Струмица одржана на 26.12.2025 година, заверена во општинска архива под број 09-9653/1 од 29.12.2025 година,  Градоначалникот на општина Струмица објавува:

        ЈАВЕН ПОВИК

Избор на Партнерска организација економски оператор (правен субјект/организација– Консултант) заради реализација на Активноста 1.2. Креирање на дигитална алатка – Општинска база за собирање  и ажурирање на податоци и информации од исклучителна важност за локалниот економски развој, туризмот и земјоделието на Општина Струмица за 2026 година од Мерка бр 1 Обезбедување одржлив економски развој и конкурентни инвестициски можности, дел од областа Унапредување и развој на локалната економија, составен дел на Програмата G1 Поддршка на ЛЕР во 2026 година

 

Потреба на јавен повик     

Заради потребата од исполнување-реализација на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на Локалниот економски развој и туризмот, поточно Програмата G1 поддршка на ЛЕР во 2026 година, односно реализацијата на Активноста 1.2. Креирање на дигитална алатка – Општинска база за собирање  и ажурирање на податоци и информации од исклучителна важност за локалниот економски развој, туризмот и земјоделието на Општина Струмица за 2026 година, произлезена од  Мерка бр 1 Обезбедување одржлив економски развој и конкурентни инвестициски можности, дел од областа Унапредување и развој на локалната економија и во таа насока потребата Општина Струмица и  во наредниот период да ги унапредува и развива општинските политики (особено локалната економија како надлежност на Одделение за ЛЕР)  во рамките на примената на нови дигитални алатки и можности, обезбедени врз основа на спроведени процедури со докази за транспарентно и отчетно спроведување на општинските процедури  како процес, Градоначалникот на Општина Струмица  преку надлежното одделение, објавува Јавен повик  за избор на Партнерска организација – економски оператор (правен субјект/организација-консултант)  заради реализација на  планираната програмска  активност во 2026 година од причини што   Општина Струмица во целост е посветена на Унапредувањето и брзиот економски раазвој на локално ниво преку процесот на дигитализација како современа алатка за креирање и спроведување на општинските политики во функција на подобрување на животот и стандардот на граѓаните во локалната заедница.

 

Во таа насока, имајќи ги во предвид заложбите на општината да гради  партнерства со останатите релевантни чинители на локално ниво (Институциите на системот, Бизнис заедницата  и граѓанскиот сектор чија сфера на делување е унапредувањето на локалната економија  и во таа насока туризмот и земјоделието ) надлежното одделение за ЛЕР во рамките на транспарентно спроведена  процедурата за реализација на оваа потреба, нотирана како посебна активност, инкорпорирана  во Програмата  G1 Поддршка на ЛЕР во 2026 година, како дел од целокупната програма на Општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот за 2026 година, составен дел на Буџетот на општина Струмица за 2026 година, ја потврдува потребата преку Јавен повик да избере  Партнер организација – економски оператор(правен субјект/организација– Консултант), со експертиза и стручност да помогне во реализацијата на активноста, односно во соработка со надлежното одделение да обезбеди дигитална платформа која ги содржи сите елементи на современа дигитална база на податоци и информации кои во иднина ќе бидат основа за новите напредни-реално остварливи општински политики, достапни и видливи за сите (институциите, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор) во функција на заеднички и партиципативен придонес во развојот на Општина Струмица.

 

 Цел на јавниот повик

Во рамките на спроведена законски административно и правна процедура да се избере Партнер организација – економски оператор со доволна експертиза, стручност и компетенции да  помогне  во креирањето, односно обезбедувањето на дигитална платформа која ги содржи сите елементи на современа дигитална база на податоци и информации за да создадеме услови за лесен и достапен увид во реалните фактички состојби кои се однесуваат на Локалната економија, туризмот и земјоделието за да секоја година планирањето го фокусираме на реалните проблеми и приоритети чија реализација со сигурност ќе потврдат напредок во економскиот развој на општината, нејзиното  правилното функционирање и во таа насока правилното трошење на буџетските финансиски средства или парите од граѓаните со кои менаџира општината, воедно потврдувајќи :

  1. Силни општински  партнерства со релевантните чинители и засегнатите страни;
  2. Партиципативно учество на засегнатите страни во процесот на креирање и спроведување- имплементација на општинските политики;
  3. Зајакнување на меѓусебната доверба помеѓу општината, институциите на системот во локалната заедница, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор;
  4. Транспарентност во распределбата на општинските финансиски средства;
  5. Обезбедување на современа дигитална платформа, поточно лесно достапна електронска база на информации и податоци во функција на точен и правилен економски развој базиран на  правилно и издржано економско планирање;
  6. Правилно распоредување на општинските финансиски средства согласно потребите на граѓаните;
  7. Силен бенефит за сите активни чинители во локалната заедница

 

И секако, планираните/предвидените финансиски средства во Активноста 1.2. Креирање на дигитална алатка – Општинска база за собирање  и ажурирање на податоци и информации од исклучителна важност за локалниот економски развој, туризмот и земјоделието на Општина Струмица за 2026 година од Мерка бр 1 Обезбедување одржлив економски развој и конкурентни инвестициски можности, дел од областа Унапредување и развој на локалната економија, составен дел на Програмата G1 Поддршка на ЛЕР во 2026 година во висина од вкупно 200.000,00 денари да се стават на располагање како трошок (паричен надоместок) за реализација на целиот процес од страна на избраната партнер организација-економски оператор.

 

Право на учество

Како субјекти кои можат да конкурираат  на јавниот повик се определуваат правни субјекти/организации – Консултанти со докажани компетенции,  стручност и искуство во изработката на  дигитални платформи.

Подобност на подносителот на пријавата(апликант)

  • Основни критериуми кои треба да ги исполнуват апликантите на овој повик се:

– Да бидат регистрирани како правни субјекти/здруженија на граѓани согласно Законот за трговски друштва / Закон за здруженија и фондации на Република Северна Македонија;

– Остварувањето на програмите и дејствувањето на правните субјекти/здруженијата на граѓани / фондации  кои се јавуваaт на јавниот повик да се во рамките на Уставот и Законите на Република Северна Македонија.

– Во прилог на пријавата (документите) да имаат  доставено:

  1. Тековна состојба на правниот субјект/здружението на граѓани / фондација не постаро од 6(шест) месеци;
  2. Копија од важечка потврда/решение за регистрација на правниот субјект/ здружението на граѓани /фондација во земјата;
  3. Копија од завршниот годишен финансиски извештај за претходната година/завршна сметка (биланс на успех и биланс на состојба) заверен од надлежна институција за финансиско работење или овластен сметководител,;
  4. Методологија(разработен концепт како предлог решение)  со план за реализација на активноста кој ги вклучува сите елемнти на  современа електронска база –платформа во рамките на 8 месечен период;
  • Посебни критериуми кои треба да ги исполнуваат апликантите (економскиот оператор) кои учествуваат на овој повик се:

Техничка и професионална способност за економскиот оператор

– економскиот оператор да има најмалку 5 годишно искуство во областа на дигитализацијата –дигиталната трансформација – изработка на дигитални платформи и решенија;

– економскиот оператор да има изработено најмалку 5 дигитални платформи;

-економскиот оператор да има тим за реализација на проектот, вработени лица во економскиот оператор, составен од:

  • 1 Водечки експерт за дигитална трансформација – координација и управување со процесот на изработка на дигиталната платформа за локален економски развој на Општина Струмица
  • 1 Клучен експерт за изработка на дигиталната платформа

Тимот за реализација на проектот мора да биде потврден со соодветни  документи или CV

 

Техничка и професионална способност за членовите на тимот:

Доказ за :

– Завршено високо образование од областа на информатиката и дигиталната трансформација

– Работен ангажман кај економскиот оператор (апликантот)

– Најмалку 5 години релевантно искуство во областа

– Способност за професионална соработка со тимови, институции и засегнати страни.

Во прилог на документацијата се приложуваат сите докази  (CV, сертификати, дипломи, признанија и други релевантни документи)

Важно!

– Апликантите кои имаат намера да се јават на Јавниот за 2026 година, може да се јават исклучиво како самостоен апликант и процесот да го водат исклучиво согласно Методологија (предлог решението) и План за реализација, доставена во прилог на целокупната документација;

– Апликантите не смеат да делегираат обврски на други лица или организации кои во нивно име ќе го спроведуваат процесот

-Не смеат од општинските финансиски средства кои се ставаат на располагање за таа намена да плаќат трошоци или хонорари на други лица надвор од вклучениот – прикажан тим уште во самата апликација

 

Времетраење на реализацијата на партнерската соработка

Партнерската соработка  ќе се дефинира во рамките на Договoр за партнерска организација  помеѓу општината и избраниот економски оператор  по предходнo спроведена процедура – именуван со Решение од Градоначалникот на општина Струмица за период од 8 месеци распореден во три фази на временски период:

– изработка на дигитална платформа

– пробен-тест период

– полнење-ажурирање на податоци и информации во соработка со надлежните општински служби

Напомена !

Процесот го води избраниот економски оператор се до завршување на целиот планиран период на реализација.

 

Начин на достава на Проектната документација

Пополнетите апликации со целосната задолжителна документација мора да се поднесат  како „пакет“ кој содржи  две (2) целосни и идентични печатени копии  на сите документи погоре наведени и една електронска копија (на CD или USB), по препорачана пошта или лично, во запечатен плик, во општинската архива  на следната адреса:

Општина Струмица

улица: „Сандо Масев“ бр 1, 2400 Струмица

 

Напомена:

За да бидат прифатени пријавите, апликантите мора целокупната документација како поднесок да ја достават до општината, лично или по препорачана пошта, во запечатен единечен пакет-плик во работни денови (понеделник до петок), помеѓу 08:00 и 16:00 часот.

На предната страна на пликот во горниот лев агол да стои: „Не отварај“, а во долниот десен агол да стои: Назнака „ ЈАВЕН ПОВИК за Избор на Партнерска организација економски оператор (правен субјект/организација) заради реализација на Активноста 1.2. Креирање на дигитална алатка – Општинска база за собирање  и ажурирање на податоци и информации од исклучителна важност за локалниот економски развој, туризмот и земјоделието на Општина Струмица за 2026 година, произлезена од  Мерка бр 1 Обезбедување одржлив економски развој и конкурентни инвестициски можности, дел од областа Унапредување и развој на локалната економија , составен дел на Програмата G1 Поддршка на ЛЕР во 2026 година

Крајниот рок за поднесување на апликациите(комплетната документација) е 30 (триесет дена), сметан и  денот на објавување на јавниот повик на општинската веб страница!

 

Апликациите – пријавите кои ќе пристигнат по зададениот рок по пошта ќе бидат разгледани само доколку на поштенскиот печат стои датум на испраќање кој е пред официјалниот краен рок.

Апликациите – пријавите  кои ќе бидат испратени на друг начин ( е-маил) или кои ќе бидат испорачани на друга адреса нема да бидат земени предвид.

Други важни информации

  • Градоначалникот на општина Струмица, како дел од целокупната постапка/процедура  ќе формира-именува трочлена Комисија за спроведување на јавниот повик со членови од Секторот и Одделение за ЛЕР во чија надлежност е исполнувањето на Програмата во чии состав е и планираната активност чија реализација е предмет на овој јавен повик;
  • Комисија за спроведување на Јавниот повик, односно Комисијата за разгледување и евалуација на поднесените пријави по Јавниот повик, во рок од 15 дена по завршувањето на крајниот рок за пријавување  ќе изврши евалуација и оценување на пристигнатите апликации и до Градоначалникот ќе достави Записник со предлог  за избор на  можен економски оператор кои ги исполнува критериумите на Јавниот повик;
  • Врз основа на доставениот Записник од Комисијата за спроведување на Јавниот повик,  Градоначалникот на општина Струмица, ќе донесе Решение за избор на економски оператор  за реализација на планираната активност предмет на јавниот повик;
  • Во рок од 5 (пет) дена од објавувањето на Решението за избор на економски оператор, објавено на официјалната веб страница на општината, Градоначалникот на Општина Струмица ќе склучи Договор за партнерска соработка со избраниот економски оператор;
  • Во рамките на склучениот  договор (содржината од договорот ) ќе бидат уредени правата и обврските на двете договорни страни;
  • За следењето на реализацијата на партнерската соработка за целиот период на имплементацијата ќе биде задолжена Комисијата за спроведување на Јавниот повик;

Напомена!

 Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Апликациите кои ќе пристигнат по пошта по крајниот рок за аплицирање ќе бидат разгледани само доколку на поштенскиот печат стои датум на испраќање кој е во рамките на официјалниот краен рок. Примената документација  не се враќа!

Во прилог линк од јавниот повик: ЛИНК

 

Лице за контакт:
Тони Милушев
Раководител на Одделение за ЛЕР/Општина Струмица

 

 

 

                                                                                                               ГРАДОНАЧАЛНИК НА
                                                                                                                                                  ОПШТИНА СТРУМИЦА
                                                                                                                          Петар Јанков

 

 

 

 

 

Изработила:Софче Јанева

 

Контролирал: Тони Милушев

 

Одобрил:Никола  Годев