Право на поднесување барање имаат правни лица регистрирани во Централниот регистар на Република Северна Македонија, како и физички лица регистрирани за вршење занаетчиска дејност и евидентирани во Занаетчиската комора, при што еден корисник може да користи само една локација.
Барањата се поднесуваат до Општина Струмица – Сектор за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште, со задолжително доставување барање, доказ за извршена уплата и соодветна документација за регистрација. Рокот за поднесување на барањата е до 16 февруари.
Распределбата на локациите ќе се врши по принципот „прв дојден – прв услужен“, до исцрпување на расположливите позиции, при што Општина Струмица го задржува правото да одбие барање доколку предложената дејност или изгледот на објектот не се во согласност со концептот, безбедноста или организацијата на манифестацијата.
