Усвоен буџетот на општина Струмица за 2021 година

Усвоен буџетот на општина Струмица за 2021 година

Советот на општина Струмица на денешната 42 седница го усвои буџетот за 2021 година. Вкупниот буџет ќе тежи 1.191.308.556,00 денари од кој поголем процент се блок дотации коишто како трансфери доаѓаат од централно ниво, а основниот буџет  изнесува 459.032.738,00 денари и ги опфаќа сите Програми коишто се усвоени во законскиот рок и во кој се предвидуваат идните проекции, цели и капитални инвестиции коишто треба да го подигнат квалитетот на живот на граѓаните во општина Струмица.