Ќе се реконструираат Домовите на културата во Куклиш и Вељуса

Ќе се реконструираат Домовите на културата во Куклиш и Вељуса

Општина Струмица ја подготви комплетната техничка документација за целосна реконструкција на опожарениот Дом на културата во Куклиш и за Домот во Вељуса и издадено е одобрение за градба на истите.

Според проектната програма во објектите се предвидени следните содржини: сала за приредби и претстави со сцена и гардероби за изведувачи, влезен ходник со пристапни скали, библиотека со читална, две простории за културно уметнички друштва, две канцеларии за вработените, клуб на пензионери, канцеларија на Месната заедница, кафетерија, санитарни простории и просторија за сместување на термотехнички инсталации.