Се чисти снегот од улиците во градот

Се чисти снегот од улиците во градот

По интензивните врнежи од снег, зимската служба на ЈПКД „Комуналец“ која цела ноќ беше на терен и фрлаше сол по улиците низ градот, од раните утрински часови ја вклучи и механизацијата во расчистувањето на снегот. Во функција се ставени 4 специјални возила за чистење на снегот од улиците, три трактори кои расфрлаат сол и се ангажирани 75 работници.

Општинска екипа ја проверува состојбата на локалните патишта, а обезбедена е и механизација за расчистување каде што има потреба. Имаме доволно механизација, сол и песок за интервенција, но сепак апелираме до учесниците во сообраќајот за внимателно возење во градот и кон населените места.