Четириесет екипи на новогодишно-божиќниот турнир во мал фудбал

Четириесет екипи ќе учествуваат на Новогодишно – Божиќниот турнир во мал фудбал “Струмица 2006/2007” кој ќе започне во петок 15.12.2006 година. Натпреварите ќе се играат по Бергеров модел за 40 екипи односно екипите ќе бидат поделени во 8 квалификациони групи. Натпреварите ќе почнуваат од 17 часот а во викендите претпладне од 10 часот и попладне од 16 часот.