Прв саем на книгата во Струмица

Саемот кој е во организација на Општинската библиотка “Благој Јанков Мучето” ќе биде отворен до 16.12.2006 година. На оваа манифестација свои книги ќе изложат 6 издавачки куќи од Р. Македонија. Љубителите на пишаниот збор можат да го посетат саемот во просториите на библиотеката во периодот од 10.00 до 18.30 часот.