Почитувани сограѓани,
Во овие вонредни околности за сите нас, ништо не е поважно од нашето здравје. Затоа да покажеме највисоко ниво на самосвест, солидарност и заедничка одговорност. Да покажеме дека знаеме и можеме да се справиме и со овој голем предизвик со којшто се соочува целиот свет.
Како Општина спроведуваме низа мерки за заштита на јавното здравје и сме во постојана координација со надлежните институции, но од исклучителна важност е и улогата на секој од нас.
Се што треба да направиме е најсериозно да ги сфатиме и почитуваме мерките на Владата на Република Северна Македонија.
Посебно, да ја почитуваме мерката со која се забранува собирање во група на повеќе од пет лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини.
За оваа цел, се задолжени Министерството за внатрешни работи и Армијата на Република Северна Македонија да ги разбиваат овие групи и да ги интензивираат теренските контроли.
Во маркетите, аптеките, банките, поштите и другите објекти кои даваат услуги на граѓаните, да се запази минимум потребното растојание од два метри. Многу е важно да го почитувате социјалното дистанцирање.
Останете во вашите домови. Не се собирајте, не се групирајте. Редовно одржувајте лична и општа хигиена, следете ги насоките за спречување на ширењето на корона вирусот.
Почитувани сограѓани,
Голема поддршка за сите вас кои ги почитувате мерките и насоките за заштита на вашето здравје, но упатувам апел до сите останати кои се уште не ја сфатиле сериозноста на ситуацијата во којашто сите заедно се наоѓаме.
Мерките мора да се почитуваат. Без исклучок. Од сите нас, заедно, зависи како и кога ќе се справиме со овој предизвик. Желба на сите нас е тоа да биде што побргу, но тоа од нас зависи.
Исто така, многу е важно да не се создава паника и за релевантни да се земаат само информациите од Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија.
Уште еднаш апелирам, останете дома, излегувајте само за неопходни работи, бидејќи така го штитите вашето и здравјето на вашите најблиски, а повредно од тоа нема.