Се известуваат сите граѓани дека на ден 21.03.2020 (сабота) пазарите „Чешел“ и „Кантон“ ќе работат нормално, а ќе се продаваат само прехрамбени и земјоделски производи. Носењето на маски и заштитни ракавици е задолжително на овие пазари за сите продавачи, како и за сите купувачи. Се известуваат сите граѓани задолжително да ги следат и сите други препораки на Владата на Република Северна Македонија за превенција од ширење на корона вирусот.