По објавениот конкурс од Комисијата за подигање на спомен обележја за споменик на Цар Самуил, до комисијата пристигнаа 5 трудови. Комисијата ги отвори трудовите кои се под шифра и во текот на наредната недела ќе одлучи кој идеен проект за избор на спомен обележје ќе биде избран. Комисијата за подигање на спомен одбележја брои 7 члена и е составена од советниците при Советот на општина Струмица и истакнати лица во областа на културата. Авторот на избраниот идеен проект ќе добие награда во износ од 60.000 денари. Споменикот на Цар Самуил ќе биде поставен во Градскиот парк на делот измеѓу Спортската сала и Градскиот стадион.