На 18 и 19 ноември 2006 год во Хотел „Тивериопол“ – Струмица, Локалната лидерска група од Општина Струмица на дводневната работилница го дефинираа дефинитивниот облик на Стратегијата за Социоекономски развој на Општина Струмица до 2015 година. Во Стратешкиот документ во кој се утврди визијата и мисијата за развој на општината, се инкорпорираа повеќе развојни програми по повеќе области:Економија, Образование, Здравство, Социјална политика, Животна средина. Секоја од развојните програми резултира со конкретни проекти. Стратешкиот документ ќе претставува надградба на постоечкиот стратегиски план за развој на микрорегионот.