Општина Струмица, Triple S Learning центарот и SWOT Mistery Shooping, организираат работилница на тема „Како до лојални купувачи“. Овој настан се организира по повод месец Ноември – месецот на потрошувачите. Работилницата Услуга кон купувачите е водич за градење на долгорочни релации и ЛОЈАЛНОСТ на купувачите кон Вашата компанија преку супериорна услуга. Учесниците ќе ги стекнат вештините и техниките за постапување во секоја интеракција со купувачот кои се неопходни за секое работно место. Работилницата ќе се одржи во ДОМ на АРМ на ден 22.11.2006 година (среда) во 12:00 часот.