Комисијата за општествени дејности при Советот на општина Струмица го распиша јавниот оглас за доделување на највисокото општинско признание – годишна награда за 2006 година. Наградата се доделува по повод 11 Декември – Денот на заштитниците на Струмица – Светите 15 Тивериополски маченици. По истиот повод Комисијата за општествени дејности при советот на општина Струмица распиша и награден конкурс за литературен состав – песна посветена на Струмица.