Претставници на општина Струмица и невладините организации присуствуваа на презентацијата на EDHR Микро програмата организирана од Европската иницијатива за човекови права која се одржа во Центарот за подршка на НВО. Цел на програмата е да одговори на потребите за финансиска подршка на иницијативи дизајнирани да ги промовираат и заштитуваат човековите права и демократијата. Во рамките на оваа програма ќе се финансираат проекти во износ од 10.000 до 40.000 евра. Општина Струмица на овој повик ке аплицира со сопствен проект.