Со состанокот на Месната заедница во Муртино завршија средбите на Градоначалникот со Урбаните и Месните заедници. Во претходните 30 дена Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, оствари 25 средби со граѓаните од сите Урбани и Месни заедници во Општина Струмица. Граѓаните имаа можност отворено да зборуваат за тековните проблеми со кои се соочува месната односно урбаната заедница. Целта на состаноците беше да се забележат сите инфраструктурни потреби од комунална и градежна природа и нивно вклучување во нацрт – планот за Програмата за комунално уредување за 2007 година.