Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев го отвори еднодневниот информативен семинар на тема „Имплементација за Законот за еднакви можности на жените и мажите“. Свое обракање на семинарот имаа г-дин Душко Миновски, државен секретар во МТСП и Висок преставник од Фондацијата Конрад Аденауер. Семинарот беше организиран од Министерство за труд и социјална политика, а подржан од Фондацијата Конрад Аденауер. Учесници беа Советниците во Советот на општина Струмица и преставници од администрација на Општина Струмица. На семинарот учесниците се запознаа со механизмите за родова рамноправност на национално и локално ниво, Законот за работни односи од аспект на унапредување на еднаквите можности на жените и мажите со внесување на родовиот концепт во локалните програми и политики, како и обврските на локалната самоуправа во имплементација на Законот за еднакви можности.