Денес во просториите на Општина Струмица, Организациониот одбор при Новогодишно – Божиќниот турнир оддржа прес конференција за локалните медиуми. Новогодишно-Божиќен турнир во мал фудбал СТРУМИЦА 2006/07“, ќе се одржи во периодот од 13 Декември 2006 до 07 Јануари 2007 година, во спортската сала „ПАРК“.
Наградниот фонд за турнирот изнесува 220.000 денари Со тоа што наградата за:
I – место изнесува – 120 000 денари
II – место изнесува – 60 000 денари
III – место изнесува – 30 000 денари
IV – место изнесува – 10 000 денари
Исто така обезбедени се и награди за:
Најдобар Голман
Најдобар Стрелец
Најдобар Играч или МВП на турнирот
Право на учество на турнирот имаат фудбалери од вторите, регионални и општински лиги, рекреативци, граѓани, како и млади фудбалери од првите лиги (Прва МФЛ и Футсал лига) родени 1986 година и помлади.
Една екипа брои до 10 играчи, со тоа што по завршувањето на првиот квалификационен круг во групи, секоја екипа може да се засили со уште двајца играчи (џокери) без никакво ограничување
* Котизацијата за учество изнесува 3.000 денари за една екипа.
* За време на турнирот Спортската сала „ПАРК“ ќе биде затоплена.
* Цената на влезницата ќе биде популарна и ќе изнесува само 20 денари за цел ден односно 4 натпревари.
Секоја екипа што ке пријави учество на турнирот ке добие пропозиции за истиот, а 2-3 дена пред официјалниот старт на турнирот, ќе направиме заеднички состанок со екипите се со цел да се направат некои измени или дополнувања во врска со пропозициите и правилата на игра во правец на подобро организиран турнир.
Пријавувањето ќе трае до 10 Декември 2006 год. За подетални информации,може да се информирате во просториите на Општина Струмица, канцеларија бр.10, тел. 348-024 и 070-998-965.