Затворен првиот регионален саем на невладини организации

Затворен првиот регионален саем на невладини организации во Струмица. Регионалниот НВО Саем кој се одржа во деновите петок и сабота беше дел од проектот „Поддршка на национален форум / платформа на граѓанското општество“, поддржан од Европската агенција за реконструкција. Оваа дводневна манифестација беше добра можност јавноста да се запознае со активностите на над 50 здруженија на граѓани од повеќе градови низ Македонија кои се претставија на 33 штандови.

На саемот се одржаа 6 социо културни настани и 6 форуми. Овој настан беше можност за меѓусебно запознавање на невладините организации, поттикнување на регионалната соработка и нивно вмрежување.  На отварањето на Саемот присуствуваа Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев,  Неговата Екселенција г-дин  Ерван Фуере, шеф на Делегацијата на Европската комисија и специјален претставник на Европската унија, г-ѓа Снежана Манчева, претставничка од Секретаријатот за Европски прашања и г-ѓа Славица Инџевска, заменичка на извршниот директор на ФИООМ. Покровител на оваа манифестацијата беше Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.