Триесет и две невладини организации од Струмица, Штип, Велес, Прилеп, Радовиш, Виница, Неготино, Гевгелија, Валандово и Скопје ќе учествуваат на Регионалниот НВО саем во Струмица, кој утре во 10 часот ќе биде отворен. Саемот ќе се одржи во Домот на АРМ и ќе биде отворен до сабота до 18 часот. На отварањето ќе присуствуваат г-дин Ерван Фуере, Амбасадор на ЕУ во Република Македонија и Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.