Денес во Струмица семинар „Естетика во стоматологијата“

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев го поздрави стоматолошкиот семинар “Естетика во стоматологијата”, кој денес се одржува во Струмица. На семинарот кој е во организација на Стоматолошкиот факултет – Скопје присуствуваат повеќе стоматолози од Струмица.