Под мотото “Штеди ја природата” во текот на изминатата недела, Прокредит Банка реализираше две еколошки акции, Чистење на брана Водоча и Поставување на корпи за одпадоци на Трим патеката Ловен дом – Св. Илија во кои беа вклучени вработени од Прокредит банка, Општина Струмица и ЈПКД Комуналец како и повеќе граѓани кои доброволно се приклучија кон акциите…
На 28.06.2008 (сабота) беше организирана акција за чистење на најразличен отпад од Брана Водоча, при што беа поставени 10 корпи за отпадоци на истата локација, додека една недела подоцна на 05.07.2008 (сабота) беа поставени 19 корпи за отпадоци по должината на трим патеката Ловен дом – Св. Илија.
Како и многупати досега Општина Струмица и ЈПКД Комуналец целосно ги прифатија овие активности и активно се вклучија во нивната реализација.
Врз основа на покажаната свест за заштита на животната средина, Општина Струмица упатува јавна благодарност до Прокредит банка за реализираните еколошки активности и изразува надеж дека ваквиот пример ќе го следат и други компании.