Денес, Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, му ги предаде клучевите од возилото автосмеќар на Директорот на ЈП Комуналец, Панче Орцев. Возилото Мercedes Benz, со вредност 63.140,00 $ e донирано од Американската амбасада во рамките на Проектот за успешна децентрализација – Фонд за добро општинско управување. Општина Струмица аплицираше на овој повик од USAID со проект за набавка на автосмеќар со цел подобрување на техничката опременост на ЈП Комуналец.