Институтот за човекови права Лудвиг Болцман од Виена, базиран на проектот за намалување на сиромаштијата во Македонија, на ден 10,11 и 12 Ноември 2006 година одржа тродневна обука за Локалната Лидерска Група (ЛЛГ) од Општина Струмица. На работилницата ЛЛГ беше запознаена со Меѓународната и Национална нормативна рамка за човекови права и истата беше тренирана да им помогне на сиромашните и ранливи групи граѓани од Општина Струмица, со идентификација на нивните проблеми, како и изнаоѓање на соодветни решенија за нивно решавање. Врз база на утврдени приоритети во Стратегијата за Социоекономски развој на Општина Струмица, што ЛЛГ ќе ја финализира во текот на месец Декември, Институтот Лудвиг Болцман финансиски ќе подржи реализација на проектна активност.