Денеска во Скопје е потпишан Меморандумот за разбирање и соработка помеѓу Општина Струмица и USAID. Со тоа Општина Струмица и официјално е селектирана како една од 10 пилот општини во кои ќе се спроведува проектот “Одговорност преку транспаретност”. Целта на овој проект е воведување на модерна софтверска апликација со која на граѓаните ќе им се овозможи електронска комуникација со општинската администрацијата и со членовите на Советот. Во исто време граѓаните ќе имаат подобар и побрз пристап до одлуките на општинската администрација и Советот.