Центарот за развој на Југоисточниот плански регион денеска ги промовираше успешно реализираните проекти „Заеднички работен простор – средство за зајакнување на соработката со бизнис секторот“ и „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“ со финансиска поддршка од Швајцарската Агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.
Градоначалникот Коста Јаневски, којшто е и претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион со амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Сибил Сутер Теада, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и градоначалниците од општините на Југоисточниот плански регион, ја посетија агрометеоролошката станица во општина Василево, која што е една од 23-те поставени во регионот. Ги користиме сите можности за овој наш регион да добие компоненти кои во секој поглед и од секој аспект би помогнале во неговиот развој. Еден од ваквите успешни примери е и овој реализиран проект со агрометеорлошките станици кои се надевам ќе бидат правилно искористени и ќе помогнат во подобрувањето на квалитетот на земјоделските производи, рече Јаневски. Проектот „Заеднички работен простор – средство за зајакнување на соработката со бизнис секторот“ е иновативен проект кој се имплементира преку Грантовата шема за иновативни проекти на Регионалните бизнис центри на планските региони во партнерство со Фондација за развој на мали и средни претпријатија од Струмица и општините од регионот. Ваквиот проект има за цел преку основање на Заеднички работен простор (Co – working space) да го поддржи претприемачкиот амбиент и да ги зајакне односите со бизнис секторот и останатите заинтересирани страни. Проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“ којшто е инвестициски проект од Грантова шема за инвестициски проекти на планските региони има за цел преку поставување на Агрометеролошки станици во Југоисточниот регион да ги подобри условите за заштита на животната средина преку воведување на современи технологии во земјоделството. Двата проекта свечено беа промовирани во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во Струмица.
<iframe width=”727″ height=”409″ src=”https://www.youtube.com/embed/dcPKMAbgnuk” frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture” allowfullscreen></iframe>