Во рамките на проектот „Социјална инклузија на деца и млади од Струмичкиот регион“, Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев, пред бројниот аудиториум во Националната Установа Центар за Култура „Антон Панов“во Струмица, ја отвори изложбата на слики од детската ликовна работилница.
Во рамките на проектот „Социјална Инклузија на деца и млади од Струмичкиот регион“ во реализација на Центарот за образование Спорт и култура АБЦ Струмица со поддршка на Општина Струмица и соработка на НУЦК Антон Панов Струмица се реализираат сет од активности кои имаат за цел анимација на нашата млада популација и нејзино целосно вклучување во култрното општествено живеење на заедницата. Во рамките на овој проект беше и отварањето на изложбата на слики како дел од двонеделната детска ликовна работилница на која зедоа учество околу дваесет талентирани ученици од основните училишта во Струмица. Изложбата ја отвори Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев.
На изложбата беа изложени четириесет слики, дела на младите уметници производ на нивните исконски души.
Најдобрите дваесет дела ке бидат дел од Битолскиот монмартр, а останатите ќе ги красат нашите училишта и институции.