Комисијата за општествени дејности при Советот на Oпштина Струмица, го распишa конкурсот за доделување на годишното општинско признание “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици…
Врз основа на член 10 од Статутот на Општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 5/06) и член 28 од Правилникот за начинот, условите и постапката за доделување на Годишната награда на Општина Струмица “Св.Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 19/07), Комисијата за општествени дејности при Советот на општина Струмица, распишува:
КОНКУРС
за доделување на Годишна награда на општина Струмица
“Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”
1. Годишната награда на Општина Струмица “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” се доделува како признание на Општина Струмица на правни и физички од Општина Струмица, Република Македонија и други држави како и на меѓународни организации и асоцијации и нивни претставници за посебни остварувања во: стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и сите други сегменти од животот, што дале посебен придонес за развој и афирмација на Општина Струмица во Република Македонија и пошироко.
2. Наградата се доделува за остварувања реализирани во период од една година, сметано од завршувањето на огласот и за остварувања во период подолг од десет години како награда за животно дело.
3. Наградата на поедници и група творци се состои од диплома, плакета и паричен износ.
4.Наградата на правни лица се состои од диплома и плакета.
5.Наградата на лица од други држави, како и на меѓународни организации и асоцијации или на нивни претставници, се состои од диплома и плакета.
6.Наградата за животно дело се состои од диплома, плакета и паричен износ.
7. Право за предлагање на кандидати за наградата имаат: научни, стручни, стопански и други организации и заедници и граѓани – поединци.
8.Предлозите за награда треба да содржат: биографија на лицето или организацијата што се предлага со детално образложение на постигањата, заради кои се доставува предлогот.
Предлогот треба да биде поткрепен со соодветна документација.
9.Предлозите во 6 (шест) примероци се доставуваат на адреса: Комисија за опшествени дејности при Советот на општина Струмица со назнака за Годишна награда, Струмица, лично во архивата на Општина Струмица, или по пошта на адреса: Општина Стрмица ул.”Сандо Масев” бр. 1.
10. Конкурсот трае заклучно со 30 ноември 2008 година. Предлозите доставени по истекот на рокот наведен во конкурсот нема да се разгледуваат.
Предлагачот е потребно да да го наведе својот полн назив, адреса и телефонски број.
Формулар за конкурирање може да се подигне во архивата на Општина Струмица.
Информации на телефон: (034) 348-030 Локал 105 или 106.