Meѓународна соработка и европски фондови

Меѓународна соработка и европски фондови

Одделението за меѓународна соработка и европски фондови претставува посебна организациона единица во рамките на секторот за Локален економски развој и заштита на животната средина, во состав на Општина Струмица.

Одделенето за меѓународна соработка и европски фондови e одговорно за  координирање на меѓународна соработка на Општина Струмица преку воспоставување на односи за соработка и комуникација како со претставници и организации од соседните земји, така и пошироко.

Основниот фокус на одделението всушност е обезбедување на проекти кои се финансирани во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и други донатори, како и следење и обезбедување на друга странска помош.

Во тој контекст, одделението за меѓународна соработка и европски фондови е формирано за следење на програми на Европската Унија и други странски донатори, изготвување и спроведување на договори за билатерална, регионална и меѓународна соработка, меморандуми за соработка, продлабочување на соработката со збратимени општини, како и подготовка на сите останати меѓународни документи и комуникација на меѓународен план.

 

Листа на реализирани проекти од страна на Одделение за Меѓународна соработка и европски фондови

 

Бр.

 

Наслов на проектот Програма Буџет Период на реализација
 

1.

„Ефикасно користење на соларна енергија за подобра иднина – SP Future“/

Реф. Број – 2007CB161PO07-2011-2-94

ИПА Програма за Прекугранична соработка Р. Македонија – Р. Бугарија

(II Компонента)

189,974.00 Евра 2012 – 2014
 

 

2.

„Заштита и промоција на природното и културното наследство во прекуграничниот регион на Општина Струмица и Општина Кукуш  – Наследство” – CRIS No: IPA/2009/DN021101/CN 307-608 ИПА Програма за Прекугранична соработка Р. Македонија – Р. Грција

(II Компонента)

324,659.50 Евра 2012 – 2015
 

3.

„Развој на Алтернативни форми на туризам – Податоци за Туризам“ /

CRIS No: IPA/2009/DN021101/CN 307-693

ИПА Програма за Прекугранична соработка Р. Македонија – Р. Грција

(II Компонента)

134,160.00 Евра 2012 – 2014
4. “Набавка на товарно возило за превоз на храна во пет детски градинки и народна кујна” Програма за мали проекти на Германската Амбасада Вкупен буџет на проектот: 14.240 евра.

Донација од Германска Амбасада:  8.000 евра.

Буџет на општина Струмица: 3.000 евра.

Буџет на ЈОУГД “Детска Радост”: 3.240 евра.

07.10.2014 – 28.11.2014
5.

 

„Создавање на поволно деловно опкружување за економска одржливост на прекуграничниот регион Струмица – Кичево – Кукуш“ – Бизнис Мрежа С-К-К; IPA/2010/DN023657/CN2016/375-951 ИПА Програма за Прекугранична соработка Р. Македонија – Р. Грција

(II Компонента)

237,250.50 Евра 2016 – 2017
6. „Еко-градинки за одржлива иднина“ / Референтен број – CB006.1.11.079

*Корисник на проектот е ЈОУДГ „Детска Радост“ – Струмица, а имплементатор е општина Струмица.

Интеррег-ИПА Програма за Прекугранична соработка Р. Македонија – Р. Бугарија 2014-2020 198,972.21 Евра 2016 – 2018
7. „Специјално патничко возило за сите ранливи групи во Општина Струмица” Среднорочна програма за развој и хуманитарна помош 2016-2019 на Влада на Република Бугарија

(Донација од Амбасада на Република Бугарија во Република Македонија)

35.790,43 евра 2017 – 2018
8. „Промоција на туризмот и културата“ – ToCulter / Референтен број – CN1-CO1.3-SCO22 Интеррег-ИПА Програма за Прекугранична соработка Р. С. Македонија – Р. Грција 2014-2020 165,999.98 Евра 2018 – 2019
9. „Повеќенаменски социјален центар во Општина Струмица“ Среднорочна програма за развој и хуманитарна помош 2016-2019 на Влада на Република Бугарија

(Донација од Амбасада на Република Бугарија во Република Македонија)

138.048,80 евра 2017 – 2019