Во пресрет на Задушница од денеска почна големо чистење на градските гробишта во Струмица. Од јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ информираа дека со чистењето ќе биде опфатен целиот комплекс и сите гробни места и патеки ќе бидат исчистени од треви, стари дрвја, бетонски и други остатоци. Екипи на „Комуналец“ работат и на уредување на паркинг просторот на гробиштата. Според најавите овие активности ќе завршат до петок.