Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Р е ш е н и е
за свикување триесет и шестата седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам триесет и шестата седница на Советот на општина Струмица за ден 16.02.2016 година (вторник).
Триесет и шестата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 12,00 часот.
За работа на седницата предлагам:
I
Усвојување на записниците од триесет и четвртата и триесет и петтата седница на Советот на општина Струмица
II
Д н е в е н р е д
- Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 14 – општина Струмица, плански период 2015 – 2020;
- Предлог – Одлука за утврдување режим на сообраќај со обележување на паркинг простор за зонско паркирање на КП бр. 1728/1 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежното земјиште за изградба на спортско игралиште во с. Костурино;
- Предлог – Одлука за отпочнување на постапка за донесување на Локален акционен план за животна средина 2016 – 2022 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за вработување на определено време на 18 даватели на јавни услуги во ЈОУДГ „Детска Радост” Струмица;
- Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за вработување на определено време на 110 даватели на јавни услуги во ЈПКД „Комуналец” Струмица;
- Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за вработување на определено време на 24 даватели на јавни услуги во ЈПКД „Комуналец” Струмица;
- Предлог – Методологија за доделување на финансиска поддршка на програми на задруженија и фондации од Буџетот на општина Струмица;
- Предлог – Методологија за доделување на финансиска поддршка на проекти на здруженија и фондации од буџетот на Општина Струмица;
10. Предлог – Методологија за утврдување на критериумите за распределба на финансиски средства до спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот од Општина Струмица;
11. Предлог – Методологија за утврдување на критериумите за распределба на финансиски средства за тренери во спортските клубови на подрачјето на Општина Струмица;
12. Информација за истражувањето за успехот на учениците во основните општински училишта на подрачјето на општина Струмица во учебната 2014/2015 година;
13. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 7152/6 КО Струмица;
14. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 6512/8 КО Струмица;
- 15. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 7669/1 КО Струмица;
16. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 3660, дел од КП бр. 3661 и дел од КП бр. 3672 КО Дабиља;
17. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 452 КО Водоча;
18. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 505 КО Муртино;
19. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 3042 КО Дабиља;
20. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 489/1 КО Просениково;
21. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 110/1 КО Раборци;
22. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1218/1 и КП бр. 1217/2 КО Добрејци;
23. Предлог – Решение за разрешување и именување на членови во Управниот одбор на ЈП „Паркиралишта – Струмица” ;
24. Предлог – Решение за разрешување и именување членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП “Паркиралишта – Струмица”; и
25. Предлог – Одлука за внатрешната организација на општинската администрација на Општина Струмица.
Напомена: Материјалот по точка 25, односно Предлог – Одлуката за внатрешната организација на општинската администрација на Општина Струмица, ќе Ви биде доставен по добивањето на позитивно мислење од Министерството за информатичко општество и адмнинистрација.
Совет на општина Струмица
Претседател,
Јосиф Христов