Совет на општина Струмица
Бр.08- 3941/1
30.04 .2015 год.
С т р у м и ц а
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Р е ш е н и е
за свикување на дваесет и седмата седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам дваесет и седмата седница на Советот на општина Струмица за ден 07.05. 2015 година (четврток).
Двесет и седмата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 12,00 часот.
За работа на седницата предлагам:
I
Усвојување на записниците од дваесет и четвртата, дваесет и петтата, вонредната и дваесет и шестата седница на Советот на општина Струмица.
II
Д н е в е н р е д
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за првиот квартал од 2015 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на Акционен план за ставање под контрола на вектор-преносливите заболувања со примена на краткорочни и долгорочни мерки во Општина Струмица за 2015 година;
- Предлог-Одлука за издавање под закуп на објекти во сопственост на Општина Струмица;
- Предлог – Одлука за давање согласност за купување на недвижност од страна на Општина Струмица;
- Предлог – Одлука за давање на користење на објект – Општинско фудбалско игралиште со вештачка трева;
- Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2015 година;
- Ценовник за работа на РЕ „Водовод и канализација” при ЈПКД „Комуналец” Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување Нацрт ДУП за дел од блок 37, Урбана единица 5 во Струмица, општина Струмица 2015 – 2020
- Предлог – Одлука за утврдување Нацрт ДУП за дел од блок 14, Урбана единица 2 во Струмица, општина Струмица 2015 – 2020
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 2636/1 КО Куклиш;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 1781 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 4761 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 665, 1718 КО Просениково;
- Годишна сметка со финансов извештај на ООУ„Маршал Тито” Муртино за 2014 година;
- Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Даме Груев” Куклиш за 2014 година;
- Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Герас Цунев” Просениново за 2014 година;
- Годишна сметка со финансов извештај на ООМУ „Боро Џони” Струмица за 2014 година;
- Решение за разрешување и именување преставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на ОУ “Никола Вапцаров” Струмица;
- Решение за разрешување и именување преставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на ОУ “Сандо Масев” Струмица;
- Решение за разрешување и именување преставници на општина Струмица во Училишниот одбор на ОУ “Маршал Тито” Струмица;
- Решение за разрешување и именување преставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на ОУ “Видое Подгорец” Струмица;
- Решение за разрешување и именување преставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на ОУ “ Герас Цунев” с. Просениково;
- Решение за разрешување и именување преставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на ОУ “ Св. Кирил и Методи” с. Дабиле;
- Решение за разрешување и именување преставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на ОУ “ Гоце Делчев” с. Вељуса;
- Решение за разрешување и именување преставници на општина Струмица во Училишниот одбор на ОУ “Маршал Тито” Муртино;
- Решение за разрешување и именување преставници на општина Струмица во Училишниот одбор на ОУ “Даме Груев” Куклиш; и
- Решение за разрешување и именување претставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на ОМУ “ Боро Џони” Струмица;
- Извештај од процена на штета од природна непогода – поплава од дејство на внатрешни води на подрачјето на Општина Струмица во периодот: февруари – март 2015 година.
Напомена:
– Предлози за именување на претставници во училишните одбори да се достават најдоцна на седница на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.
– Извештајот од процена на штета од природна непогода – поплава од дејство на внатрешни води на подрачјето на Општина Струмица во периодот: февруари – март 2015 година, е во изработка и дополнително ќе Ви биде доставен.
Совет на општина Струмица
Претседател,
Јосиф Христов