Решение за свикување на дваесет и седмата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица

Бр.08- 3941/1

30.04 .2015 год.

С т р у м и ц а

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување на дваесет и седмата седница  на

Советот на општина Струмица

Ја свикувам дваесет и седмата  седница на Советот на општина Струмица за ден  07.05. 2015  година (четврток).

Двесет и седмата  седница   на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 12,00  часот.

За работа на седницата   предлагам:

I

Усвојување на записниците од дваесет и четвртата, дваесет и петтата, вонредната и  дваесет и шестата седница на Советот на општина Струмица.

II

Д н е в е н   р е д

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за првиот  квартал од 2015 година;
  2. Предлог – Одлука за усвојување на Акционен план  за ставање под контрола на вектор-преносливите заболувања  со примена на краткорочни и долгорочни мерки  во Општина Струмица за 2015 година;
  3. Предлог-Одлука за издавање под закуп  на објекти  во сопственост на Општина Струмица;
  4. Предлог – Одлука за давање согласност за купување на недвижност од страна на Општина Струмица;
  5. Предлог – Одлука за давање на користење на објект – Општинско фудбалско игралиште со вештачка трева;
  6. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2015 година;
  7. Ценовник за работа на РЕ „Водовод и канализација” при ЈПКД „Комуналец” Струмица;
  8. Предлог – Одлука за утврдување Нацрт ДУП за дел од блок 37,  Урбана единица 5 во Струмица, општина Струмица 2015 – 2020
  9. Предлог – Одлука за утврдување Нацрт ДУП за дел од блок 14,  Урбана единица 2 во Струмица, општина Струмица 2015 – 2020
  10. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 2636/1 КО Куклиш;
  11. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 1781 КО Струмица;
  12. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 4761 КО Струмица;
  13. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 665, 1718 КО Просениково;
  14. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ„Маршал Тито” Муртино за 2014 година;
  15. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Даме Груев” Куклиш  за 2014 година;
  16. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Герас Цунев” Просениново за 2014 година;
  17. Годишна сметка со финансов извештај на ООМУ „Боро Џони” Струмица за 2014 година;
  18. Решение за разрешување и именување преставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на ОУ “Никола Вапцаров” Струмица;
  19. Решение за  разрешување и именување преставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на ОУ “Сандо Масев” Струмица;
  20. Решение за  разрешување и именување преставници на општина Струмица во Училишниот одбор на ОУ “Маршал Тито” Струмица;
  21. Решение за  разрешување и именување преставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на ОУ “Видое Подгорец” Струмица;
  22. Решение за  разрешување и именување преставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на ОУ “ Герас Цунев” с. Просениково;
  23. Решение за  разрешување и именување преставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на ОУ “ Св. Кирил и Методи” с. Дабиле;
  24. Решение за  разрешување и именување преставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на ОУ “ Гоце Делчев” с. Вељуса;
  25. Решение за  разрешување и именување преставници на општина Струмица во Училишниот одбор на ОУ “Маршал Тито” Муртино;
  26. Решение за  разрешување и именување преставници на општина Струмица во Училишниот одбор на ОУ “Даме Груев” Куклиш; и
  27. Решение за  разрешување и именување претставници на Општина Струмица во Училишниот одбор на ОМУ “ Боро Џони” Струмица;
  28. Извештај од процена на штета од природна непогода –  поплава   од дејство на  внатрешни води на подрачјето на Општина Струмица  во периодот: февруари – март 2015 година.

Напомена:

– Предлози за именување  на претставници во  училишните одбори  да се достават најдоцна на седница на Комисијата за мандатни прашања,  избори и именувања.

– Извештајот од процена на штета од природна непогода –  поплава   од дејство на  внатрешни води на подрачјето на Општина Струмица  во периодот: февруари – март 2015 година, е во изработка и дополнително ќе Ви биде доставен.

Совет на општина Струмица

Претседател,

Јосиф  Христов