Решeние за свикување единаесетата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Решeние
за свикување единаесетата  седница  на
Советот на општина Струмица

Ја свикувам единаесетата седница на Советот на општина Струмица за ден  30.01. 2014 година (четврток).
Единаесетата  на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 13,00  часот.
За работа на седницата   предлагам:

I
Усвојување на записникот од десетата седница на Советот на општина Струмица

II

Д н е в е н   р е д

1. Предлог-Програма за работа на  Советот на Општина Среумица   во  2014 година;
2. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2014 година;
3. Предлог-Одлука за давање на користење  објект – училишна спортска сала  на СОУ „Димитар Влахов“ Струмица;
4. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на висината на комуналните такси;
5. Предлог-Одлука за овластување на овластен претставник на Општина Струмицам кој ќе ги врши работите од надлежност на Собранието на акционери на Друштвото за спортски дејности КОШАРКАРСКИ КЛУБ СТРУМИЦА АД, Струмица;
6. Предлог-Одлука за доделување на парична помош на Ване Поповски Од Струмица;
7. Предлог – План за за запишување на ученици во I година во Средните општински училишта во Општина Струмица во учебната 2014/2015 година;
8. Предлог – Програма за подготовка и реализација на Струмичкиот карневал – 2014 година;
9. Програма за настава во природа за учениците од четврто одделение  на ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица;
10. Извештај за извршените работни задачи на Територијалната професионална противпожарна единица – Струмица за 2013 година;
11. Информација за состојбата  на јавната безбедност и безбедноста  на сообраќајот  на патиштата на подрачјето на Општина Струмица;
12. Предлог-Решение за разрешување и именување  на член во УО   на ЈП „Паркиралишта-Струмица“;
13. Предлог-Одлука за означување на условите и утврдување режим на сообраќај во општина Струмица на локален пат Костурино – Мемешли;
14. Предлог – Одлука за означување на условите и утврдување режим на сообраќај во општина Струмица на делница (крстосница) од локална улица „Маршал Тито“ за пристап до КП бр. 7864/1 КО Струмица, Блок бр. 25;
15. Предлог – Одлука за јавните паркиралишта од значење на Општина Струмица; и
16. Предлог – Одлука за определување на зонско паркирање на подрачјето на град Струмица.

Напомена:
1.Точките 14, 15 и 16  ќе останат  во дневниот ред,  доколку до  седницата на Советот се добијат согласности од Министерството за внатрешни работи.
2. Предлози по точка 12 можат да се достават до Комисијата за мандатни прашања избори и именувања.

Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски