Решение за свикување на шеесет и петтата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Р  е  ш  е  н  и  е
за свикување нa шеесет и петтата  седница  на
Советот на општина Струмица

Ја свикувам шеесет и петтата  седница на Советот на општина Струмица за ден  30. 01. 2013 година (среда).

Шeесет и петтата   седница  на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 13,00  часот.
За работа на седницата    предлагам:

I
Усвојување на записникот од 64 седница на Советот на општина Струмица

II
Д н е в е н   р е д

1. Предлог – план  за запишување на ученици во I година во средните општински училишта во Општина Струмица  во учебната 2013/2014 година;
2. Извештај за реализација   на Струмичкиот карневал во 2012 година
3. Предлог-Програма за организација и реализација на Струмичкиот карневал во 2013 година;
4. Предлог – Одлука  за определување  на места за истакнување  изборни плакати   за Локалните избори  – 2013,  во Општина Струмица;
5. Предлог – Одлука за означување на условите и утврдување на режим на сообраќај во градот Струмица;
6. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2013 година;
7. Предлог- Одлука за донесување   измена и дополна на  ДУП  за Урбан  Блок 9 УЕ 6 во град Струмица;
8. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за Урбан  Блок 21, Урбана единица 9 во град Струмица;
9. Предлог- Одлука  за преименување на: ГУП, УДНМ и општи акти за начинот на изградба на населено место;
10. Предлог – Заклучок за утврдување Нацрт ДУП за Блок 10, Урбана единица 6 во град Струмица, општина Струмица 2012-2017;
11. Информација за состојбата со јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот 01 јули  – 31 декември 2012 година

12. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 7665/1 КО Струмица;
13. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 7317/3 КО Струмица;
14. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр.7320/1, 7320/2 и 6322/1 КО Струмица;
15. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр.7320/1 КО Струмица;
16. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 4169 КО Муртино
17. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 4385 и 4390 КО Струмица
18. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 2555/1 и 2553/2 КО Струмица
19. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 6825/1 и 6825/4 КО Струмица;
20. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 3420 КО Банско;
21. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 5674/1, 5676/1 и 5674/3 КО Струмица; и
22. Предлог – Одлука за утврдување неисполенти услови за донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 4455/1 КО Куклиш.

Напомена: Точка 8 односно Предлог – Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за Урбан  Блок 21, Урбана единица 9 во град Струмица, ќе биде на дневен ред, доколку во меѓувреме се добие потребната согласност од Министерството за транспорт и врски.