„Комуналец“ континуирано ги чисти улиците и тротоарите од снегот

Екипи на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ од синоќа континуирано го чистат снегот од улиците и тротоарите. Во расчистувањето се вклучени поголем број вработени и соодветна механизација за вакви прилики. Се чисти рачно и со механизација, а се фрла и индустриска сол и ризла. Од „Комуналец“ велат дека ќе продолжат со расчистувањето на снегот, но истовремено апелираат до граѓаните и тие да се вклучат и да го исчистат снегот од пред своите домови. Сите улици  се проодни и досега не се регистрирани забелешки од граѓаните.