Општина Струмица ќе му помогне на семејството Доневи од Дражево

Градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски денеска одржа состанок со градоначалникот на општина Ново Село Боро Стојчев и со претставници на здружението на граѓани „Љубезност“. На состанокот се разговараше за  четиричленото семејство Доневи од селото Дражево во општина Ново Село кои живеат во исклучително тешки услови. Потврдувајќи ја желбата за помош, ги разгледуваа сите можности за да му се помогне на семејството, особено, решавањето на станбеното прашање кое е и најголем проблем за Доневи. Се донесоа и конкретни заклучоци по кои ќе се постапи во наредниот период.