Јаневски од Сачево: Ќе дадеме максимум од себе да ги решиме проблемите на жителите во населените места

Како во времето на работните акции во поранешна Југославија, така денеска беше во населеното место Сачево. На иницијатива на градоначалникот Коста Јаневски, а во соработка со јавните претпријатија „Комуналец“ и „Паркиралишта Струмица“ засилени со АД Водостопанство, подружница „Струмичко поле“, истовремено, се работеше на неколку локации. Се чистеше главниот канал, се отстрануваа трите диви депонии, се сервисираше уличното осветлување, се метеа улиците и се собираше отпадот.