Јаневски:Карневалџиите знаат најдобро како се рушат бариерите и како се бришат границите меѓу земјите и народите

Традиционално и оваа година, пред почетокот на маскенбалот, се одржа карневалско дружење на гостите од странство со претставниците на карневалските групи од Струмица. Срдечно добредојде, од негово лично име и од името на граѓаните на Струмица им посака градоначалникот Коста Јаневски и им порача да се чуствуваат како дома и да поминат убави и незаборавни мигови во овие карневалски денови.