Во рамките на годинашните карневалски празнувања, денеска, на плоштадот „Гоце Делчев“ се одржа детскиот карневал. Најмладите струмичани беа маскирани во прекрасни креации инспирирани од нивните омилени јунаци, потврдувајќи дека се достојни продолжувачи на вековната карневалска традиција во Струмица. Карневалските празнувања продолжуваат утре, на Чист понеделник, со соопштување на наградите од главната интернационална карневалска вечер и со јадење бел грав подготвен во голем казан на градскиот плоштад.