Врз основа на реакцијата на здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ во која меѓу другите се повикани и градоначалникот и Општина Струмица, а во врска со наводната злоупотреба на жив штрк во маска на големиот Струмички карневал, отворено се оградуваме од каква било вмешаност и вина во конкретниот случај.Градоначалникот Коста Јаневски и Советот на општина Струмица беа само генерални покровители на Струмичкиот карневал и не го оправдуваат користењето животни во карневалски цели.Искрено се надеваме дека овој изолиран случај не ја намали вредноста на овогодинашниот карневал, кој и во квалитет и во квантитет беше еден од најуспешните во своето долгогодишно постоење.