Градоначалникот Коста Јаневски и граѓаните на Струмица и денеска потврдија дека се големи почитувачи и поддржувачи на традиционалните обичаи во рамките на карневалските празнувања. Заедно јадеа бел посен грав на Чист понеделник, зготвен во голем казан на плоштадот „Гоце Делчев“.Еве денеска продолжуваме една вековна традиција во нашиот град. Симболиката на овој голем казан на варење бел грав, како што било отсекогаш, всушност е симболика на обединување на градот во еден заеднички настан. Тоа беше иницијатива на граѓани која што ние како Општина ја поддржавме и мислам дека така и треба да го сфатат луѓето, заеднички да се дружиме и да се обединиме на едно заедничко посно јадење со кое означуваме одредени настани во нашите навики и во нашите традиции, рече Јаневски.