Со средства од буџетот на општина Струмица ќе се субвенционира дел од надоместокот за стандарден приклучок на дистрибутивниот гасоводен систем на Јавното претпријатие за енергетски дејности „Струмица – гас“. Зелено светло на оваа одлука дадоа членовите на Советот на општина Струмица на вчерашната седма седница. Делот што ќе биде субвенциониран е во износ од 100 евра по приклучок за педесет домаќинства. Субвенционирањето ќе се изврши преку јавното претпријатие „Струмица – гас“, а средствата се обезбедени од буџетот на Општината за 2018 година преку Програмата JL – други комунални услуги.Општина Струмица и во минатите години вршеше вакво субвенионирање со цел да им помогне на граѓаните кои сакаат да се приклучат на дистрибутивниот гасоводен систем и да ги уживаат благодетите на природниот гас. Инаку, надоместокот за приклучок на системот изнесува 600 евра.