Вработените во единицата „Зеленило“ при јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ деновиве интензивно работат на пролетно разубавување на зелените површини во градот. Во завршна фаза е новото хортикултурно уредување на кружниот тек на улиците „Сандо Масев“, „22-ри декември“ и „Орце Николов“ или кај местото популарно наречено „Бурчо“. На оваа површина се врши комплетно преуредување со нови садници, цветни површини и декоративни елементи со што овој дел од градот доби вистинско пролетно освежување.