Првото авионско прскање против комарци ќе се изврши на 27 јуни

Поради неповолните временски услови, најавеното прво авионско прскање против комарци на 17 јуни не се изврши. Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион кој во соработка со десетте општини од регионот го организира авио-третирањето против комарци, ги информираат граѓаните дека прскањето ќе се изврши на 27.06.2018 година (среда) во раните утрински часови, односно, во периодот од 04:30 до 09:30 часот. Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе наредниот ден, 28.06.2018 година во истиот временски период. Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

komarci