Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, учествуваше на заедничката средба на претставници на СВР – Струмица и угостителите под мотото „Почитување на законите“ која што се одржа во домот на АРМ. Целта на средбата беше градење на позитивен однос полиција – сопственици на угостителски објекти, а во рамките на проактивниот пристап на работа на полицијата во заедницата. Посебен акцент беше ставен на делот за точење алкохол на малолетници, присуство на малолетници во угостителските објекти по полноќ и законското работење на угостителите.