Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски со соработниците, претседателот на Советот, Марјан Даскаловски и членови на истиот, денеска, на големиот празник Успение на Пресвета Богородица, присуствуваа на светата литургија која што се одржа во истоимениот храм во изградба во Струмица. Со граѓаните си го честитаа празникот, а присуствуваа и на заедничкиот празничен ручек во црквите „Свети Григориј Палама и Димитриј“ и во „Свети 15 Тивериополски свештеномаченици“.