Струмица денеска беше домаќин на кампањата на делегацијата на Европската унија „ЕУ за тебе“. Во големата сала на домот на АРМ се одржа работилница за механизмите и финансиската поддршка од ЕУ, на која Никола Бертолини, раководител за соработка при делегацијата на Европската унија, ги презентираше можностите за финансирање од европските фондови на локалната власт, граѓанските организации, бизнисмените и земјоделците во следните три години. На работилницата присуствуваше и градоначалникот Коста Јаневски. Струмица е на врвот на општините по искористувањето на средства од европските фондови и понатаму ќе ги користи сите свои капацитети за реализација на проекти со европски пари кои што ќе бидат во интерес на граѓаните.
Click here to change this text