Во центарот за култура „Антон Панов“, денеска, се одржа четвртата Олимпијада за технички достигнувања на младите од Југоисточна Европа на која што учествуваа натпреварувачи од Романија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија. Олимпијадата ја отвори градоначалникот, Коста Јаневски.Да се биде град домаќин на четвртата Олимпијада за технички достигнувања на младите од Југоисточна Европа, за мене како градоначалник, за сите граѓани на општина Струмица, како и за луѓето од Народна теника – Струмица, преставува вистинска чест и неизмерно задоволство.
Но ништо на овој свет не е случајно, па така и ова, бидејќи добрите познавачи на нештата од овие области, знаат мошне добро колкав е влогот на Струмица на полето на техниката кај младата популација, во годините наназад. Овој наш град и неговите институции и здруженија отсекогаш знаеле да прифаќаат вакви слични предизвици и со успех да го положуваат испитот на добри домаќини, организатори или соорганизатори. Убеден сум дека така ќе биде и овој пат. Сакам во оваа прилика да им посакам добредојде на натпреварувачите од Романија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија, со надеж дека на оваа Олимпијада ќе го дадат максимумот од сето свое акумулирано знаење.Би сакал да истакнам дека Општина Струмица целосно ги препознава важноста и улогата на образованието, науката и техниката во своите развојни процеси и е свесна за комплексноста на самата надлежност, која опфаќа многу фактори и дејности за различни целни групи граѓани. Од друга страна, Општината е свесна и за потребата од квалитетни човечки, материјални и финансиски ресурси за квалитетно спроведување на оваа надлежност. Стратешките перспективи опфаќаат развој на знаењaта, вештините и интегритетот на учениците низ воспитно-образовните процеси, воспоставување, современи услови и практики во образовниот систем на општината, интегрирање на локалните потреби за образование во воспитно – образовниот систем и зголемување на соработката меѓу факторите во воспитно-образовниот процес. Сето ова придонесува Општината да го зголемува и унапредува својот интерес за поддршка на настани од ваков вид, кои ја промовираат општината и државата на меѓународен план, рече градоначалникот Јаневски.